Category: Handball
-

Ракометарите на Вардар им откажаа на фудбалерите – нема да се појават на прослават во Градски парк!
Фудбалскиот клуб Вардар вчера инфомираше дека закажале заедничка прослава на титулите со ракометарите на Вардар, сепак од спротивната страна сега пристигна нова информација. РК Вардар информираше дека поради тоа што има закажано сопствена прослава исто така на 23 мај не би можеле да се појават на прославата која ја најави Вардар во Градски парк. „Почитувана…
-

Червар се поклони пред Лазаров: Нема друг како него, најдобар е на сите времиња!
Лино Червар, кој од следната сезона ќе седне на клупата на РК Пелистер, без двоумење го избра Кире Лазаров за најдобар ракометар на сите времиња, предизвикувајќи бурни реакции во хрватската јавност, каде што многумина сметаат дека тоа признание треба да му припадне на Ивано Балиќ. Искусниот стратег јасно го изнесе својот став, истакнувајќи дека за…
-

Одлична вест: Македонија од втор шешир ќе ги чека противниците на Мундијалот!
Ракометната репрезентација на Македонија обезбеди нов настап на голема сцена, откако со убедливи партии во баражот ја елиминираше Словачка и избори пласман на Светското првенство. Мундијалот ќе се игра во Германија од 13 до 31 јануари следната година, а на турнирот ќе настапат вкупно 32 национални селекции. Ждрепката за групната фаза е закажана за 10…
-

Вардарецот Хориха ќе игра во Саудиска Арабија!
Украинскиот ракометар Дмитро Хориха, кој веќе е познат како идно засилување на ПИК Сегед од следната сезона, пред преселбата во Унгарија ќе има краток ангажман во Саудиска Арабија. Клубот Ал Калеј официјално го потврди трансферот на Украинецот, кој ќе настапува за тимот на претстојната азиска Лига на шампиони. Натпреварувањето ќе се игра во Кувајт во…
-

Засилување во Битола: Пелистер потпиша со Босанец!
Пелистер денеска го промовираше своето ново засилување за претстојната сезона, 23-годишниот босански ракометар Едвин Џелиловиќ. Младиот интернационалец во Битола пристигнува од екипата на Тузла, а со македонскиот клуб потпиша тригодишен договор. Од таборот на Пелистер најавуваат дека очекувањата од Џелиловиќ се високи, со оглед на неговото досегашно искуство и настапи. Пред ангажманот во Тузла, Џелиловиќ…
-

Македонија на чекор од нов Мундијал – Словачка беше прегазена во Прешов!
Македонија е на чекор до нов пласман на Светско првенство, откако вечерва во Прешов убедливо ја совлада Словачка со 31-24 во првиот бараж натпревар. Избраниците на Кирил Лазаров одлично го отворија натпреварот и поведоа со 2-0, додека Словаците до првиот гол стигнаа дури во четвртата минута. Домашната селекција накратко успеа да направи пресврт, но тоа…
-

Червар откри зошто доаѓа во Пелистер: Не можев да работам во Хрватска
Легенарниот хрватски ракометен стратег Лино Червар повторно се враќа на тренерската сцена и од следната сезона ќе го предводи Еурофарм Пелистер. Иако се веруваше дека по петгодишната пауза 75-годишниот „Магионичар од Умаг“ ставил крај на кариерата, тој прифати нов предизвик и повторно ќе работи во македонскиот ракомет. Червар потпишал двегодишен договор со битолскиот клуб, кој…
-

Митревски: Утре ништо нема да биде решено!
Македонската ракометна репрезентација денеска замина за Словачка, каде утре во Прешов ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство. Во пресрет на дуелот свое видување даде и најискусниот во националниот тим, голманот Никола Митревски, кој очекува неизвесен и тежок натпревар на гостински терен. „Словачка е голема непознаница за нас никогаш не…
-

Червар и Пелистер се главна тема – се огласи и ЕХФ! (Фото)
Лино Червар се враќа од пензија и повторно седнува на тренерската клупа. Прославениот хрватски стратег прифати нов предизвик и во наредните две сезони ќе го предводи Еурофарм Пелистер. Битолскиот клуб денеска официјално ја потврди соработката со 76-годишниот тренер, а веста предизвика бројни реакции меѓу љубителите на ракометот и на социјалните мрежи. Навивачите на „зелено-белите“ со…
-

Червар ја даде и првата изјава по потврдата од Пелистер: Еве што порача!
Денеска екипата на Еурофарм Пелистер го потврди ангажманот на Лино Червар кој ќе се обиде да го врати битолскиот клуб на тронот на македонскиот ракомет. Червар потпиша двегодишен договор, а по потписот ја даде и првата изјава. „Чест ми е што доаѓам во Еурофарм Пелистер, клуб со голема ракометна традиција и историја. Со играчите, управата и моето…