Официјално: Вардар повторно ќе игра Лига на шампиони!

Ракометниот клуб Вардар и официјално ќе биде дел од новата сезона во Лигата на шампионите, откако Европската ракометна федерација денеска ја потврди доделената вајлд-карта за македонскиот шампион.

Информациите дека „црвено-црните“ ќе добијат специјална покана за настап во најелитното европско клупско натпреварување се појавија уште претходно во медиумите, а сега добија и официјална потврда од европската ракометна куќа.

Ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите е закажана за 26 јуни со почеток во 11 часот, кога Вардар ќе ги дознае своите противници за претстојната сезона.