Ива Младеновска ќе игра за еден од најголемите германски клубови!

Македонската репрезентативка Ива Младеновска ќе ја продолжи кариерата во редовите на Борусија Дортмунд, откако германскиот клуб денеска официјално го потврди нејзиниот ангажман.

Младеновска во Дортмунд пристигнува од францускиот Безансон, каде што настапуваше во изминатиот период и стекна значајно меѓународно искуство.

Од германскиот клуб не го криеја задоволството од новото засилување, истакнувајќи дека станува збор за млада и перспективна ракометарка со голем потенцијал.

Германскиот состав зад себе има успешна сезона, откако ја заврши Бундеслигата на втората позиција. Воедно, клубот аплицираше и за специјална покана за настап во Лигата на ш


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *