Погледнете го видеото со кое Вардар го најави големото враќање во Лигата на шампионите (Видео)

По четиригодишно отсуство, Вардар повторно ќе биде дел од ракометната елита во Европа. Македонскиот шампион доби вајлд-карта од ЕХФ и следната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите.

Веста за враќањето меѓу најдобрите европски клубови „црвено-црните“ ја споделија на креативен начин преку своите социјални мрежи.

Во центарот на видеото е пикерот Милан Лазаревски – Мечка, кој во моментите кога ги планира летните одморски денови добива телефонски повик од тренерот Иван Чупиќ. Наместо потврда за одмор, Лазаревски добива порака дека Вардар ќе игра во Лигата на шампионите и дека е време за почеток на подготовките.

Со оваа оригинална најава, вардарци го одбележаа своето враќање во најпрестижното клупско натпреварување, каде повторно ќе ги одмерат силите со европските ракометни гиганти.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *