Македонската ракометарка Марија Јанкуловска од следната сезона ќе ја продолжи кариерата во Франција, каде ќе настапува за прволигашот Париз 92.
Таа во францускиот клуб доаѓа од редовите на Ѓорче Петров, а овој трансфер претставува нејзин прв интернационален ангажман.
Дваесетгодишната ракометарка својата кариера ја започна во Пелистер, а настапуваше и за Металург. Со тимот на Ѓорче Петров успеа да стигне до двојната круна во домашното првенство.
Јанкуловска за клупскиот сајт истакна дека е задоволна од новиот предизвик и дека со нетрпение очекува да им се приклучи на новите соиграчки.
„Навистина сум возбудена што се приклучувам на Париз, едвај чекам да ги запознаам сите во клубот и да почнам со работа. Верувам дека со напорна работа можеме да напредуваме и да постигнеме големи работи следната сезона“, изјави Јанкуловска за клупскиот сајт.

Leave a Reply