Ракометниот клуб Вардар ќе ја очекува ждрепката за новата сезона во Лигата на шампиони од четвртиот, односно последниот шешир, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави составите на шеширите пред извлекувањето.
Во првиот шешир се сместени Алборг, Барселона, Нант, Магдебург, Веспрем и Спортинг Лисабон.
Вториот шешир го сочинуваат Монпелје, ПСЖ, Фуксе Берлин, Мелсунген, Пик Сегед и Кјелце.
Во третиот шешир се наоѓаат Загреб, ГОГ, Колштад, Висла Плоцк, Порто и Динамо Букурешт.
Македонскиот шампион се најде во четвртиот шешир заедно со Архус, Целје, Партизан, Криенс-Луцерн и Кристијанштад.

Leave a Reply