Tag: Топ Вести
-

Чкембари им се налутија на ракометарите: Еден денар од ПСЖ наваму не сте заслужиле
Навивачката група Чкембари испрати остра порака до раководството и ракометарите на Пелистер по загубената титула и лошите резултати во ракометното првенство. Чкембари побараа промени во клубот и им порачаа на ракометарите да си заминат доколку не сакаат да играат за тимот, а притоа порачаа дека ниту „еден денар не заслужиле по мечот со ПСЖ“.
-

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)
Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот во Лига Европа, откако успешно ги минаа полуфиналните пресметки и обезбедија место во големото финале. Тимот од Бирмингем одигра доминантен реванш против Нотингем Форест и со убедливи 4-0 ја потврди визата за финалето, откако првиот меч заврши со минимална предност за Вила.…
-

„Чкембари“ се бесни, удрија по ракометарите по дебаклот од Вардар! (Фото)
Пелистер претрпе убедлив пораз од Вардар со 19-34 во „Јане Сандански“, а на трибините ги немаше најверните навивачи на битолскиот состав – Чкембари. Незадоволството кај навивачката група по слабите резултати сезонава дополнително се зголеми по дербито со Вардар, по што преку социјалните мрежи испратија жестока порака до ракометарите на „зелено-белите“. „Играте ко пи*ки Пелистер“, порачаа…
-

Рудигер му удрил шлаканица на Карерас – објавени нови детали од инцидентот
Тензиите во соблекувалната на Реал Мадрид очигледно биле далеку поголеми отколку што се претпоставуваше. Шпанското радио „КОПЕА“ објави дека Антонио Рудигер во февруари физички се пресметал со младиот Алваро Карерас, удирајќи му шлаканица во лицето за време на расправија во соблекувалната. Новинарот Мигел Ангел Дијаз открил дека инцидентот се случил само еден ден по заедничката…
-

Силекс и Шкендија ќе играат во финалето од Купот на Македонија!
Силекс обезбеди пласман во финалето од Купот на Македонија, откако на домашен терен во Кратово со минимални 1-0 го совлада ГФК Охрид Лихнидос во реванш полуфиналето. Кратовчани беа поопасниот ривал во првиот дел и создадоа повеќе зрели шанси, а имаа и две можности од белата точка. Најпрво Ади Алиќ не успеа да реализира пенал, откако…
-

Барди со гол го однесе Коњаспор во финалето на Купот на Турција (ВИДЕО)
Коњаспор се пласира во финалето на Купот на Турција, откако го победи Бешикташ со 1-0, а голот го постигна македонскиот репрезентативец Енис Барди. Македонскиот фудбалер го постигна победничкиот гол од пенал во судиското надополнување на вториот дел и го израдува Коњаспор. Финалето во турскиот Куп се игра на 22 мај меѓу Коњаспор и победникот од…
-

Седлоски со порака до Босанците: Доаѓаме да ве победиме!
Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина, а селекторот Гоце Седлоски во интервју за „вјести.ба“ ги кажа очекувањата. Седлоски вели дека доаѓаат на „Кошево“ на 29 мај за да победат, а овој натпревар ќе им служи на босанските репрезентативеци како подготовка за настап на Мундијалот. „Ѝ честитам на БиХ за пласманот на Мундијалот.…
-

Вардар го победи Монпелје, но се прости од Европа!
И покрај моментите во кои делуваше дека чудото е достижно, РК Вардар не успеа да ја анулира високата негатива од првиот меч и европската сезона ја заврши со победа над Монпелје во четвртфиналето. Во Скопје, „црвено-црните“ прикажаа сосема поинакво лице во однос на гостувањето во Франција. Иако гостите поведоа со 1-0, во продолжението иницијативата беше…
-

Oхрид првпат сезонава го доби Алкалоид и се радуваше во Автокоманда!
Ракометарите на Охрид конечно го пронајдоа рецептот за Алкалоид оваа сезона, славејќи во дербито во Автокоманда со 27-26. Со оваа победа, охриѓани направија значаен исчекор на табелата во Суперлигата, искачувајќи се на второто место пред Пелистер. Домаќинот подобро го отвори натпреварот и во воведните минути имаше контрола на резултатот, создавајќи предност од три гола (7-4),…
-

Драма во Реал Мадрид: Мбапе го прекине молкот по жестоките критики
Килијан Мбапе одлучи јавно да одговори на критиките што во изминатиот период доаѓаа на негова адреса, особено оние поврзани со неговиот однос на тренинзите и наводните недоразбирања со тренерот и стручниот штаб. Францускиот напаѓач се најде под силен притисок од дел од медиумите, кои објавуваа дека е одвоен од тимот и дека не функционира најдобро…