Tag: Топ Вести
-

Вардар го реши Силекс, но за шампионско славје ќе почека!
Фудбалерите на Вардар стигнаа до важна победа од 2-1 против Силекс и се наоѓаат на само чекор до освојување на титулата во Првата македонска фудбалска лига. Домаќините го отворија натпреварот на најдобар можен начин – Стефан Цветковиќ уште во третата минута ја погоди мрежата на кратовчани за рано водство од 1-0. Пред крајот на првото…
-

Шкендија Арачиново утре ја чека „жешка“ атмосфера во Штип – Брегалница објави важно соопштение!
Од ФК Брегалница објави важно известување до навивачите пред утрешниот натпревар. Поради големиот интерес за натпреварот, од клубот информираа дека вратите на стадионот „Градски“ ќе бидат отворени од 15:00 часот. Воедно, од Брегалница апелираат до сите симпатизери и љубители на фудбалот да пристигнат порано на стадионот, со цел да се избегнат гужви и турканици на…
-

Пелистер го има голот на сезоната во ЛШ! (Видео)
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избра најатрактивниот погодок во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26, а признанието заврши кај македонските репрезентативци Никола Митревски и Дејан Манасков. Во завршницата од натпреварот против ПСЖ, Митревски испрати прецизна асистенција преку целиот терен, а Манасков со ефектна реализација успеа да го совлада Емил Нилсен и да постигне гол кој…
-

Чуамени испрати порака по тепачката со Валверде: Ова е неприфатливо, но…
Во Реал Мадрид избувна голема внатрешна тензија по наводниот инцидент на тренинг, во кој, според медиумите, дошло до конфликт меѓу Орелиен Чуамени и Федерико Валверде. Ситуацијата брзо се прошири во јавноста, а францускиот фудбалер реши да се огласи со порака на социјалните мрежи. Чуамени, кој според информациите ќе биде дел од тимот за „Ел Класико“,…
-

Ѓоковиќ елиминиран од Прижмиќ на почетокот на мастерсот во Рим
Новак Ѓоковиќ беше елиминиран од Дино Прижмиќ со 1-2 во сетови (6-2, 2-6, 4-6) на стартот на мастерсот во Рим. Српскиот тенисер започна одлично и доминантно го доби првиот сет со 6-2, оставајќи впечаток дека лесно ќе го заврши мечот. Сепак, Прижмиќ во продолжение значително ја подигна својата игра, возврати во вториот сет и со…
-

Пуштени во продажба билетите за мундијалскиот бараж со Словачка!
Ракометната федерација на Македонија официјално ја стартуваше продажбата на билетите за бараж натпреварот против Словачка за пласман на Светското првенство 2027. Навивачите веќе можат да обезбедат влезници преку продажната мрежа на МкТикетс, а цените се 400 и 500 денари. Македонската репрезентација реваншот на домашен терен ќе го одигра на 17 мај од 19:00 часот во…
-

Тиквеш доби казна од ФИФА!
Фудбалскиот клуб Тиквеш се соочува со забрана за регистрација на нови играчи, откако не ги подмирил финансиските обврски кон фудбалерот Филип Михаљевиќ. Според информациите од ФИФА, клубот од Кавадарци нема да може да регистрира засилувања сè додека не ги исплати долговите или најмногу во период од три трансферни прозорци. Од ФИФА е испратено и барање…
-

Лазаров ги избра ракометарите за битката за Мундијал против Словачка!
Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави скратениот список за бараж натпреварите против Словачка, преку кои „црвено-жолтите“ ќе бркаат пласман на Светското првенство 2027. На финалната листа се најдоа 20 ракометари, а дополнително ќе бидат избрани 16 играчи кои ќе настапат на двата клучни дуели. На списокот нема поголеми изненадувања, но…
-

Чкембари им се налутија на ракометарите: Еден денар од ПСЖ наваму не сте заслужиле
Навивачката група Чкембари испрати остра порака до раководството и ракометарите на Пелистер по загубената титула и лошите резултати во ракометното првенство. Чкембари побараа промени во клубот и им порачаа на ракометарите да си заминат доколку не сакаат да играат за тимот, а притоа порачаа дека ниту „еден денар не заслужиле по мечот со ПСЖ“.
-

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)
Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот во Лига Европа, откако успешно ги минаа полуфиналните пресметки и обезбедија место во големото финале. Тимот од Бирмингем одигра доминантен реванш против Нотингем Форест и со убедливи 4-0 ја потврди визата за финалето, откако првиот меч заврши со минимална предност за Вила.…