Во натпревар со драма и неизвесност, Работнички и Пелистер одиграа реми од 3-3, исход кој повеќе им оди во прилог на гостите од Битола.
Дуелот тргна експлозивно, уште во 4. минута Мухарем го донесе водството за домаќините, но Пелистер брзо возврати и само пет минути подоцна го израмни резултатот.
До крајот на првото полувреме, Работнички повторно стигна до предност, а по паузата во 55. минута ја зголеми и на 3-1 преку Димитар Хоџа.
Сепак, битолчани не се предадоа. Петар Петковски во 72. минута намали на 3-2 и ја врати неизвесноста, а драмата ја заокружи ветеранот Мирко Ивановски, кој во судиското продолжение погоди за конечни 3-3 и голем бод за гостите.

Leave a Reply