Фудбалерите на Вардар максимално го искористија киксот на Шкендија, која не успеа да слави во Кратово против Силекс, па со сигурна победа од 2-0 над Башкими направија крупен исчекор кон шампионската титула.
Дуелот одигран во Гостивар беше решен уште во првото полувреме, кога „црвено-црните“ ги постигнаа двата погодока.
Резултатот го отвори Закариќ, кој по одлично нафрлување прецизно реагираше со глава и ја испрати топката во мрежата за водство од 1-0. Во текот на првото полувреме имаше и краток прекин откако навивач од домашниот табор падна од трибините.
Набргу по продолжението, Бобан Николов го постигна вториот гол, со што го постави и конечниот резултат на средбата.
Со новите три бода, Вардар на три кола до крајот стигна до 74 бода, односно има предност од шест бода во однос на Шкендија – разлика која тешко дека ќе ја испушти во финишот од сезоната.

Leave a Reply