Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

—

by

in

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем турнир сезонава, Ролан Гарос.

Македонската претставничка ќе мора патот до главниот турнир да го бара преку квалификациите, а наскоро се очекува и ждрепката по која ќе стане јасно кој ќе ѝ биде првата пречка.

Ѓорческа во последниот период настапи на турнирот во Порторож, каде што стигна до осминафиналето, но таму беше запрена од Катарина Заватска.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *