Tag: Брегалница

  • Брегалница со барање до ФФМ: Сака одложување на дуелот со Скопје поради „Пастрмајлијадата“

    Брегалница со барање до ФФМ: Сака одложување на дуелот со Скопје поради „Пастрмајлијадата“

    Штипска Брегалница побара од Фудбалската федерација на Македонија да го одложи натпреварот против Скопје од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига. Причината е што натпреварот е закажан за 19 септември, токму на денот кога во Штип традиционално се одржува популарната манифестација „Пастрмајлијада“. Од клубот велат дека поради одржувањето на манифестацијата на Градскиот стадион, побарале…

  • Големо засилување за Брегалница: Се врати Иван Николов!

    Големо засилување за Брегалница: Се врати Иван Николов!

    Иван Николов повторно е во Македонија, а родниот Штип ќе биде неговата фудбалска база во новата сезона. 24-годишниот играч за врска е ново засилување за Брегалница, која продолжува да го засилува ростерот по неизвесниот почеток на сезоната. Николов на „Градскиот стадион“ во Штип пристигнува како слободен фудбалер, откако последно го носеше дресот на Радник Бјелина.…

  • Брегалница го ангажираше Бразилецот Матеус Лемос

    Брегалница го ангажираше Бразилецот Матеус Лемос

    —

    by

    in

    Штипска Брегалница продолжува да го комплетира тимот за новата сезона, а најновото засилување пристигнува од Бразил. Клубот се договори со офанзивецот Матеус Лемос, кој во минатото веќе настапуваше во македонскиот фудбал и има искуство од најсилната домашна конкуренција. Лемос е роден во 1997 година во Рио де Жанеиро и игра на позицијата лев крилен фудбалер.…

  • ВАР многу брзо ќе има и во Штип, Брегалница сака во вечерен термин да игра со Арсими!

    ВАР многу брзо ќе има и во Штип, Брегалница сака во вечерен термин да игра со Арсими!

    Брегалница информираше дека имплементацијата на ВАР-системот на стадионот „Градски“ во Штип е во завршна фаза и дека инсталацијата се одвива според предвидената динамика. Од штипскиот клуб соопштија дека паралелно работат и на подобрување на инфраструктурата околу стадионот, каде што се асфалтира просторот зад новата трибина, се уредува паркингот и пристапот за автобусите на гостинските екипи.…

  • Закариќ и Данев ја урнаа Брегалница, Вардар со победа тргна по одбрана на титулата! (Видео)

    Закариќ и Данев ја урнаа Брегалница, Вардар со победа тргна по одбрана на титулата! (Видео)

    Фудбалерите на Вардар успешно тргнаа во одбрана на титулата во Првата лига откако на свој терен денеска рутински ја оправдаа фаворитската улога против Брегалница славјеќи со 2-0. Вардар настапи во изменет состав и дел од стандардните првотимици останаа на клупата, Фабијани се одлучи да ги чува силите за реваншот против Рига во вторник. И во…

  • Брегалница на само еден ден пред дуелот со Вардар избра тренер!

    Брегалница на само еден ден пред дуелот со Вардар избра тренер!

    Брегалница од Штип со нов тренер ќе ја започне новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Клубот официјално го промовираше Никола Кузманов за шеф на стручниот штаб пред стартот на шампионатот. Кузманов минатата сезона беше дел од стручниот штаб како помошник-тренер, а сега ја добива довербата да ја предводи првата екипа. За него ова не…

  • ФФМ не ја исполни желбата на Вардар за натпреварот со Брегалница

    ФФМ не ја исполни желбата на Вардар за натпреварот со Брегалница

    Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одби барањето на Вардар за одложување на натпреварот од првото коло во новата прволигашка сезона. „Црвено-црните“ побараа поместување на дуелот со Брегалница поради обврските во европските квалификации, но од ФФМ соопштија дека нема услови за промена на веќе утврдениот натпреварувачки календар. Од Федерацијата потенцираат дека при изработката на распоредот…

  • Стигнаа казните за хаосот во Штип: Брегалница без тренер ќе ја заврши сезоната!

    Стигнаа казните за хаосот во Штип: Брегалница без тренер ќе ја заврши сезоната!

    Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија денеска ги објави казните по натпреварите од изминатиот викенд, а најмногу санкции произлегоа од тензичниот дуел во Втората лига меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново. Најстрого беше санкциониран тренерот на Брегалница, Влатко Костов, кој заработи едномесечна суспензија и нема да може да ја предводи екипата во финишот од сезоната.…

  • Фудбалер на Шкендија Арачиново нокаутира ривал од Брегалница (ВИДЕО)

    Фудбалер на Шкендија Арачиново нокаутира ривал од Брегалница (ВИДЕО)

    Натпреварот меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново во Штип заврши нерешено (1-1), но дуелот го одбележаа неколку инциденти, при што следеше и прекин. По пеналот за Брегалница во 66. минута зовреа страстите на теренот, а по последниот судиски свиреж, фудбалерот со број 19 на Шкендија Арачиново со бокс нокаутира ривал од Брегалница.

  • Драма во Штип: Управата на Шкендија Арачиново влета на терен (ВИДЕО)

    Драма во Штип: Управата на Шкендија Арачиново влета на терен (ВИДЕО)

    По досудениот пенал за Брегалница во 66. минута еруптираше незадоволството кај Шкендија Арачиново, при што влета на терен управата на гостите. Судијата почна да дели црвени картони, а притоа го исклучи и тренерот на Брегалница, откако претходно беше исклучен комесарот за безбедност на Шкендија Арачиново.