Постапки против Брегалница и Вардар, казна за арачиновци

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе неколку одлуки поврзани со случувањата на натпреварите од Првата фудбалска лига.

Против Вардар е покрената дисциплинска постапка поради пропусти во организацијата на натпреварот против Шкендија Арачиново 77. Причина за постапката е присуството на поголем број лица од дозволениот во ВИП-ложата.

Шестмесечна суспензија заработи комет администраторот на Шкендија Арачиново 77, Исуф Бајрами. Тој е казнет поради неспортско, понижувачко и вулгарно однесување, како и вербален напад врз судиската екипа на натпреварот со Вардар.

Дисциплинска постапка е поведена и против Брегалница од Штип. Причината е употребата на пиротехнички средства за време на натпреварот против Скопје.

Кога станува збор за играчите, фудбалерот на Арсими, Муслими Мухарем, е суспендиран на еден натпревар поради црвениот картон добиен минатиот викенд.

Највисока казна меѓу фудбалерите доби Дамјан Масевски од Охрид, кој ќе паузира на четири натпревари.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *