Брегалница на само еден ден пред дуелот со Вардар избра тренер!

Брегалница од Штип со нов тренер ќе ја започне новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Клубот официјално го промовираше Никола Кузманов за шеф на стручниот штаб пред стартот на шампионатот.

Кузманов минатата сезона беше дел од стручниот штаб како помошник-тренер, а сега ја добива довербата да ја предводи првата екипа. За него ова не е прво искуство во штипскиот клуб, бидејќи и претходно бил ангажиран во Брегалница.

Во својата тренерска кариера го водеше тимот на Слога Виница, додека во Кит Го од Пехчево извршуваше функција спортски директор.

Штипјани новата прволигашка сезона ќе ја отворат со едно од најтешките гостувања, против актуелниот шампион Вардар. Натпреварот е закажан за 25 јули со почеток од 17:00 часот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *