Македонската борачка Вероника Консевиќ се закити со бронзен медал на Медитеранските игри, откако во борбата за третото место ја совлада Србинката Милица Перовиќ.
Консевиќ до медалот стигна во категоријата слободен стил до 57 килограми, а во решавачкиот дуел славеше со 7-5.
Со оваа победа, македонската борачка обезбеди место на пиедесталот и уште еден значаен успех за македонскиот спорт на Медитеранските игри.

Leave a Reply