Македонката која на Медитеранските игри отпатува со своето бебе – се враќа со медал!

by

in

Македонската борачка Вероника Консевиќ се закити со бронзен медал на Медитеранските игри, откако во борбата за третото место ја совлада Србинката Милица Перовиќ.

Консевиќ до медалот стигна во категоријата слободен стил до 57 килограми, а во решавачкиот дуел славеше со 7-5.

Со оваа победа, македонската борачка обезбеди место на пиедесталот и уште еден значаен успех за македонскиот спорт на Медитеранските игри.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *