Category: Other
-

Белистојаноски по освоеното злато: Среќен сум, ја направив Македонија горда!
Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски вчера ја освои првата златна медалја за Македонија на Медитеранските игри во Таранто, а по големиот успех не го криеше задоволството. Особено емотивен момент за него бил оној кога го примил златниот медал и знаел дека во негова чест ќе биде интонирана македонската химна. „Се почувствував горд во тие моменти затоа…
-

Белистојаноски ѝ донесе златен медал на Македонија
Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски се искачи на највисокото место на пиедесталот на Медитеранските игри во Таранто, откако триумфираше во кумите во категоријата до 67 килограми. Белистојаноски во финалната борба беше убедлив против хрватскиот репрезентативец Боран Берак, кого го совлада со максимални 6-0 и на тој начин стигна до златниот медал. До големото финале, македонскиот каратист…
-

Бронза за Миљана Рељиќ во Кина!
По настапот и елиминацијата во четвртфиналето на Медитеранските игри, најдобрата македонска таеквондистка Миљана Рељиќ брзо се фокусираше на нов предизвик. Таа имаше одличен настап на Отвореното Светско првенство Г-4 во Таијуан, Кина, каде што освои бронзен медал. Рељиќ настапи во категоријата до 62 килограми, во конкуренција на 43 таеквондистки, а до медалот стигна со три…
-

Рустемовски: Сега одиме по злато во Лос Анџелес!
Најдобриот македонски боксер Ален Рустемовски денеска официјално го прими бронзениот медал од Медитеранските игри во Таранто, откако вчера беше поразен во полуфиналето. Рустемовски во Таранто пристигна со највисоки амбиции и желба да се искачи на врвот, но овојпат мораше да се задоволи со бронзено одличје. Сепак, за македонскиот боксер нема многу време за жалење, бидејќи…
-

Жалбата на Македонија е примена, но Рустемовски останува трет
Жалбата за спорната судиска одлука од мечот меѓу Ален Рустемовски и Едвард Андрес Марин Ернандез на Медитеранските игри во Таранто е официјално прифатена и ќе биде разгледана од надлежните органи. Сепак, таа засега нема никакво влијание врз резултатот, па Рустемовски останува без место во финалето. Македонската страна поднесе приговор за судењето, но самото прифаќање на…
-

Македонија поднесе жалба за поразот на Рустемовски!
Најдобриот македонски боксер, Ален Рустемовски беше поразен во полуфиналната борба против шпанскиот претставник, Марин Хернандез, но македонската делегација во Таранто ќе испрати жалба до светската боксерска федерација. Во нашата делегација се незадоволни поради арбитражата на судиите во борбата и сметаат дека оценките кои во сите три рунди беа на страната на Хернандез не се реални.…
-

Бронза за Ален Рустемовски во Таранто!
Македонскиот боскер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето откако денеска загуби во полуфиналето против Шпанецот, Марин Хернандез кој од почетокот беше еден од најголемите фаворити за злато во категоријата до 60 килограми. До победата Хернандез дојде на поени добивајќи ги сите рунди. Првата рунда донесе најизедначена борба, повеќе напаѓаше Шпанецот, но и…
-

Македонката која на Медитеранските игри отпатува со своето бебе – се враќа со медал!
Македонската борачка Вероника Консевиќ се закити со бронзен медал на Медитеранските игри, откако во борбата за третото место ја совлада Србинката Милица Перовиќ. Консевиќ до медалот стигна во категоријата слободен стил до 57 килограми, а во решавачкиот дуел славеше со 7-5. Со оваа победа, македонската борачка обезбеди место на пиедесталот и уште еден значаен успех…
-

Македонска спортистка во Таранто отпатува со 11 месечно бебе и денес ќе се бори за медал!
Македонската борачка Вероника Консевиќ денес ќе има можност да стигне до медал на Медитеранските игри во Таранто. Таа се натпреварува во слободен стил во категоријата до 57 килограми, а во борбата за бронзата ќе се обиде успешниот настап во Италија да го заврши со одличје. Консевиќ во Таранто не пристигна сама. 27-годишната борачка на Медитеранските…
-

Taга во македонскиот спорт: Почина претседателот на Скијачката федерација на Македонија!
Тажна вест го погоди македонскиот спорт откако почина, Огњан Циговски. Циговски беше успешен бизнисмен и актуелен претседател на Скијачката федерација на Македонија, а со години беше и на чело на Скијачкиот центар „Маврово“. Во неговото управување се случи и ребрендирањето на Скијачкиот центар во „Ресорт Маврово“ во 2019 година. Под заедничкиот бренд тогаш беа обединети…