Брегалница се огласи по скандалот во кој родители од Шкупи тепаа деца во Штип

По денешниот тежок инцидент на младинскиот натпревар меѓу ФК Брегалница и ФК Шкупи (генерација 2009/10), стигна реакција со која најостро се осудува насилството што се случи на теренот во Штип.

„Спортот треба и мора да биде колевка на почит, култура и демонстрација на здрави навики. Не смееме да дозволиме ваква слика да се повтори на било кој фудбалски и спортски терен. Тоа треба да биде место за натпреварување и покажување на манири кои се учат од најмала возраст“, стои во реакцијата.

Од таму им посакуваат брзо закрепнување на повредените деца и апелираат институциите темелно и професионално да ја испитаат случката, а виновниците да бидат најстрого санкционирани.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *