Tag: Шкупи
-

„Проектил“ на Петровиќ во победата на Брера над Арсими, Силекс лесно го доби Шкупи (Видео)
Во рамките на 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, денеска се одиграа уште два натпревари, во кои домашните екипи Брера и Силекс стигнаа до победи. Во Струмица, Брера имаше тежок почеток, откако гостите Чегране дојдоа до водство по само три минути. Сепак, домаќините брзо се вратија во игра и веќе во 10-тата минута го…
-

Не му помогнаа евроголовите на Шкупи: Башкими со чуден пресврт славеше победа! (Видео)
Единствениот денешен натпревар од Првата лига понуди неверојатен пресврт – Башкими го победи Шкупи со 3-2 во Куманово. Првото полувреме мина без поголеми возбудувања, мрежите мируваа, а играта беше бавна и без иницијатива. Ситуацијата се промени драстично по почетокот на второто полувреме. Чаирчани, кои сезонава ретко погодуваат, веднаш стигнаа до водство од 2-0. Првиот гол…
-

Шкупи против Башкими даде два еврогола во две минути! (Видео)
Шкупи сезонава игра очајно и ретко постигнува голови, но ќе ги има едни од најубавите во сезоната и тоа двата беа постигнати во само две минути. Против Башкими на стартот од второто полувреме прво Зибери во 49-тата минута со фантастичен удар од далечина го матираше противничкиот голман за две минути подоцна Чајани да постигна уште…
-

Шкендија во финишот ја скрши Струга, Тиквеш со „шестка“ го испрати Шкупи (Видео)
Со денешните два натпревари од 14:00 часот отворен беше вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, а во овие дуели победи забележаа Шкендија и Тиквеш. Продолжението на шампионатот донесе директен дуел меѓу екипите што беа во самиот врв, а тетовци успеаја да ја капитализираат домашната предност благодарение на поквалитетната завршница славејќи со 2-0.…
-

„Состојбата во Шкупи уште е алармантна, луѓето кои го водеа се обвинети за местење натпревари“
Екипата на Шкупи поминува низ турбулентен период, а на социјалните мрежи сега повторно се огласија навивачите на чаирскиот клуб. Тие посочуваат дека состојбата и понатаму е алармантна, но и дека сопствениците на клубот се обвинети за местење натпревари. „Сведоци сме дека состојбата во клубот беше и сè уште е алармантна. Сведоци сме дека во изминатиот…
-

Голема трагедија: Почина ќерката на поранешен фудбалер на Шкупи
Поранешниот македонски шампион Шкупи објави дека се случила трагедија во семејството на нивниот поранешен фудбалер Фреди Алварез. Утрово почина ќерката на фудбалерот кој играше за Шкупи во 2022 година, а Шкупи објави соопштение. „Со длабока тага ја примивме веста дека починала ќерката на нашиот поранешен фудбалер Фреди Алварез. Оваа тажна вест го шокираше цело семејство…
-

(Видео) Затворска казна за родителот кој тепаше деца на мечот меѓу Брегалница и Шкупи во Штип
Основниот суд во Штип изрече казна затвор од 11 месеци за 43-годишниот А.А., кој физички нападнал малолетни фудбалери за време на натпреварот помеѓу Брегалница и Шкупи. Инцидентот се случил во последните минути од мечот, откако судијата му доделил втор жолт картон на неговиот син. По тоа, на теренот најпрво дошло до расправија и физички контакт…
-

Голманот на Работнички со една од најголемите грешки сезонава му подари гол на Шкупи (Видео)
Голманот на Работнички попладнево против Шкупи направи кикс со кој им дозволи на фудбалерите на Шкупи да дојдат до водство. По еден удар кон неговиот Јакимов лошо реагираше и ја испушти топката која Шуку од зад него ја смести во мрежата за водство на тимот од Чаир.
-

Навивачите на Шкупи ги натераа фудбалерите да ги соблечат дресовите зашто – не биле достојни да ги носат (Видео)
Фудбалерите на Шкупи вчера конечно се вратија на својот домашен терен во Чаир, каде што го одиграа првиот натпревар на стадионот сезонава. Но, враќањето дома не донесе позитивен резултат – тимот претрпе нов пораз, овојпат од Македонија Ѓорче Петров со 0-2. Со овој неуспех, чаирчани ја запишаа и седмата загуба по ред во првенството и…
-

Алпарслан делумно ја доби тужбата со Шкупи – чаирчани треба да му исплатат 43.000 евра!
Комората на ФИФА за статус на играчи донесе одлука со која тужбата на турскиот тренер Ердем Алпарслан против ФК Шкупи 1927 АД е делумно прифатена. Со оваа одлука, клубот од Чаир е задолжен да му исплати на играчот: 10.136,49 евра како заостаната плата, заедно со камата од 5% годишно, пресметана за секој поединечен износ и период на доцнење: – 1.136,49…