Македонската одбојкарска репрезентација денеска замина на Европското првенство Софија, Бугарија кое ќе се одржува од 9 до 16 септември.
Во наредните два дена нашата делефација ќе може да се прилагоди и да ги направи последните подготовки пред настапот на турнирот.
Првиот натпревар го играме в среда и тоа против домаќинот.
На испраќањето беше испочитуван и традиционалниот обичај за истурање вода кое треба да донесе среќа и добар настап на нашата селекција.

Leave a Reply