Македонска спортистка во Таранто отпатува со 11 месечно бебе и денес ќе се бори за медал!

by

in

Македонската борачка Вероника Консевиќ денес ќе има можност да стигне до медал на Медитеранските игри во Таранто. Таа се натпреварува во слободен стил во категоријата до 57 килограми, а во борбата за бронзата ќе се обиде успешниот настап во Италија да го заврши со одличје.

Консевиќ во Таранто не пристигна сама. 27-годишната борачка на Медитеранските игри е заедно со своето 11-месечно бебе, кое е нејзина постојана придружба и во текот на натпреварувањата.

На паузите меѓу борбите, бебето е покрај својата мајка и со своето присуство веќе го привлече вниманието и симпатиите на останатите учесници. За Консевиќ, пак, најмладиот член на македонската експедиција е и најголемата мотивација и поддршка.

Консевиќ е единствената македонска претставничка во слободен стил на овие Медитерански игри. За бронзениот медал ќе се бори против Србинката Милица Перовиќ, а победа во оваа пресметка би ѝ донела одличје и би ставила одлична завршница на нејзиниот настап во Таранто.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *