Taга во македонскиот спорт: Почина претседателот на Скијачката федерација на Македонија!

by

in

Тажна вест го погоди македонскиот спорт откако почина, Огњан Циговски.

Циговски беше успешен бизнисмен и актуелен претседател на Скијачката федерација на Македонија, а со години беше и на чело на Скијачкиот центар „Маврово“.

Во неговото управување се случи и ребрендирањето на Скијачкиот центар во „Ресорт Маврово“ во 2019 година. Под заедничкиот бренд тогаш беа обединети хотелите „Бистра“, „Спорт“ и „Лоџ“, Спортскиот центар Маврово, како и повеќе угостителски и туристички содржини.

На функцијата претседател на македонската скијачка федерација беше избран во март 2021 година, на вонредното собрание кое беше свикано по иницијатива на дел од скијачките клубови.

Циговски остана на претседателската позиција до последниот ден од својот живот, оставајќи значаен печат во македонското скијање.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *