Ѓуретановиќ одличен на ЕП во Париз, постави личен рекорд!

—

by

in

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ со личен рекорд го започна настапот на Европското првенство во пливање во Париз.

Ѓуретановиќ во квалификациите на 200 метри слободно исплива 1:52,39 минути, со што го подобри досегашниот најдобар резултат за 47 стотинки. Неговиот претходен рекорд изнесуваше 1:52,86.

Македонскиот репрезентативец заврши на шестото место во својата квалификациска група, а во вкупниот пласман се најде на 70. позиција од 83 натпреварувачи. Времето сепак не беше доволно за пласман во следната фаза.

За Ѓуретановиќ, сепак, европскиот шампионат продолжува. Македонскиот пливач ќе настапи и на 400 метри слободно, каде што квалификациите се закажани за в недела.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *