Вардар дозна со кого ќе игра во Европа ако ја помине Рига!

Вардар го доби својот евентуален противник за третото квалификациско коло во Конференциската лига по денешната ждрепка одржана во седиштето на УЕФА.

Доколку „црвено-црните“ ја елиминираат Рига од Летонија во второто квалификациско коло, во следната рунда ќе играат против победникот од двомечот меѓу Атерт Бисен од Луксембург и Ѓер од Унгарија.

Вардар битката против летонскиот претставник ја почнува во среда со почеток од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна во Летонија.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *