Ивановски имаше одличен настап во Белград – заврши втор на маратонот!

by

in

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски оствари уште еден одличен резултат, откако на маратонот во Белград го освои второто место.

Ивановски ја заврши трката со време од 2:09.35 и така заврши на втората позиција, веднаш зад Гемсида Гада од Етиопија кој имаше време од 2:09.11.

Третата позиција на трката во Белград ја освои Џон Ерот од Кенија, а на главниот маратон учествуваа над 2.350 натпреварувачи.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *