Капитенот Никола Ѓорѓиев има нов клуб, ќе игра во Чешка!

by

in

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, од денеска и официјално е нов член на чешки Карловарско, актуелниот лидер во Екстралигата, со што ја продолжува богатата интернационална кариера во едно од посилните европски првенства.

Карловарско го потврди ангажманот на најдобриот македонски одбојкар, кој по половина сезона помината во романски Рапид Букурешт реши да направи нов чекор во кариерата. За 37-годишниот Ѓоргиев ова ќе биде вкупно 21. сезона надвор од Македонија и негов прв настап во чешкото првенство. Трансферот има и значајна репрезентативна тежина, бидејќи преку силни натпревари во Екстралигата, капитенот ќе ја гради формата за настапот на Македонија на Европското првенство во септември, кое ќе се одржи во Бугарија.

„Повеќе од две децении сум надвор од Македонија и првпат ќе играм во Чешка. Многу сум среќен што се приклучувам на успешниот Карловарско, кој има одлична сезона. Се надевам дека ќе останеме здрави, ќе ја продолжиме добрата серија и ќе ги оствариме целите. Со нетрпение очекувам да се видиме во салата и да освојуваме нови победи и трофеи“, изјави Ѓоргиев.

Со доаѓањето на македонскиот капитен, Карловарско добива искусен и докажан лидер за клучниот дел од сезоната, додека Ѓоргиев добива уште една силна платформа за потврда на својот квалитет на меѓународната сцена.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *