Tag: македонија
-

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!
Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од Дејвис купот во Молдавија, обезбедувајќи пласман во Втората светска група. По почетниот неуспех против домаќинот, македонските тенисери покажаа карактер и нанижаа три последователни победи. Во последното коло тие ја совладаа Црна Гора со 2-1 и го потврдија напредокот во повисок ранг на…
-

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!
Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално ја избра нашата земја за домаќин на Европското првенство за ракометари до 18 години во 2028 година. Одлуката беше донесена на денешната седница на Извршниот комитет на ЕХФ, каде што беа разгледани и потврдени домаќинствата на неколку идни младински…
-

Капитенот Никола Ѓорѓиев има нов клуб, ќе игра во Чешка!
Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, од денеска и официјално е нов член на чешки Карловарско, актуелниот лидер во Екстралигата, со што ја продолжува богатата интернационална кариера во едно од посилните европски првенства. Карловарско го потврди ангажманот на најдобриот македонски одбојкар, кој по половина сезона помината во романски Рапид Букурешт реши да направи нов…
-

Селекторот на македонската кошаркарска селекција Илиевски поднесе оставка
Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски поднесе денеска оставка на должноста која Управниот одбор на Кошаркарската федерација (КФСМ) експресно ја прифати. „Иако Управниот одбор беше изненаден од ваквата одлука, Федерацијата во целост ја почитува личната и професионалната одлука на Илиевски и уште еднаш упатува искрена благодарност за неговиот ангажман, професионалност и придонес во…
-

Во драматична завршнија Македонија ја совлада Романија
Македонската ракометна репрезентација во драматичен натпревар ја совлада Романија со 24-23 и со триумфот обезбеди статус на носител во жрепката за плејофот за следното Светско првенство. Македонските ракометари во текот на целиот натпревар беа во резултатска предност која на полувремето изнесуваше плус четири голови, а во неколку наврати достигнуваше и највисоки плус пет. Во второто…
-

Седлоски и официјално го соопшти комплетниот свој стручен штаб!
Во стручниот тим како асистенти на Седлоски ќе работат Борче Христов – шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центар за едукација, Ерхан Селими – досегашен селектор на Македонија до 19 години, како и Зоран Бошковски – Чоко, наш легендарен голгетер и стрелец на првиот гол во историјата на македонската репрезентација. Дел…
-

Во „војната“ во мак-фудбалот се вмеша и Новески: Време е за нови лица, лични битки и фрустрации не носат ништо добро!
Како да нема крај на реакциите во македонскиот фудбал, последен кој се огласи сега е Николче Новески. Поранешниот дефанзивец кој сега исто така има улога во федерацијата реагираше по денешното ново обраќање на Игор Ангеловски. Новески порача дека репрезентацијата и фудбалот треба да бидат над сите. “Мислам дека е времe за нови лица и создавање…
-

Maкедонија утре во Кардиф ја чекаат полни трибини!
Македонската фудбалска репрезентација утревечер од 20:45 часот ќе го одигра последниот натпревар од тековната квалификациска сезона за Светското првенство, и тоа на гостински терен против селекцијата на Велс. „Црвено-жолтите“ и понатаму ја бранат серијата без пораз, а амбицијата е така и да остане по утрешниот дуел. Атмосферата во Велс веќе е подгреана – стадионот во…
-

Македонските фудбалерки запишаа минимален триумф против Литванија
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години оствари важна победа од 1-0 против Литванија во претквалификациите за Европското првенство. Мечот беше неизвесен до самиот крај, а триумфот на Македонија дојде по автоголот на Јотвиле Сабаите во 92. минута, што на нашите девојки им донесе вредни три бода. Со овој успех, македонската селекција го започнува квалификацискиот…
-

Милевски: Разочарани сме, но ремито е реален резултат
Селекторот Благоја Милевски е задоволен од изданието на Македонија против Велс, вели дека ремито е најреален резултат и покрај тоа што секунди фалеа за да победиме. Велс доминираше во текот на најголемиот дел од мечот, но Македонија беше поблиску до победа, сепак не ги освоивме трите бода благодарение на примен гол во 96. минута. „Има…