(Видео) Затворска казна за родителот кој тепаше деца на мечот меѓу Брегалница и Шкупи во Штип

Основниот суд во Штип изрече казна затвор од 11 месеци за 43-годишниот А.А., кој физички нападнал малолетни фудбалери за време на натпреварот помеѓу Брегалница и Шкупи.

Инцидентот се случил во последните минути од мечот, откако судијата му доделил втор жолт картон на неговиот син. По тоа, на теренот најпрво дошло до расправија и физички контакт меѓу младите играчи, а потоа во конфликтот се вмешал и таткото.

Тој втрчал на теренот и со насилно однесување им нанел тешки телесни повреди на двајца малолетни фудбалери.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *