Tag: Топ Вести
-

Антони: Само јас знам колку тешко ми беше во Манчестер Јунајтед
Бразилскиот офанзивец Антони во 2022 година пристигна во Манчестер јунајтед како едно од најголемите засилувања, со големи очекувања од клубот и навивачите. Сепак, неговите настапи не го оправдаа вложениот капитал и довербата, па наместо аплаузи се соочи со жестоки критики и негодување од трибините. По разочарувачкиот период на „Олд Трафорд“, Антони реши да ја оживее…
-

Ѓорческа за само 88 минути обезбеди осминафинале во Романија
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со сигурна игра го започна настапот на турнирот во Романија, совладувајќи ја Симона Огеску со убедливи 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-2. Ѓорческа во првиот сет ја наметна својата доминација уште по почетните геми, а првиот брејк го направи при резултат 2-2, кога поведе со 3-2. Иако Огеску веднаш возврати…
-

Луди бројки: Најскапиот тим од овој преоден рок вреди 900 милиони евра! (Фото)
Летниот преоден рок заврши, а англискиот гигант Ливерпул се покажа како најголем потрошувач и ги има трите наскапи трансфери. Вкупната вредност на „дрим-тимот“ составен од најскапите засилувања достигнува импресивни 879 милиони евра, без пресметани бонуси и дополнителни клаузули. Во нападот доминира новоформираниот црвен тандем – Александер Исак, за кого беа издвоени 144 милиони евра, и…
-

Тен Хаг е изненаден од отказот: Клубовите кои ми веруваа беа наградени со пехари
Холандскиот стратег Ерик Тен Хаг влезе во историјата на Бундеслигата на неславен начин – како тренер кој најбрзо добил отказ. Баер Леверкузен вчера ја официјализираше разделбата со него, и тоа по само две одиграни средби во новата сезона. Во тие два натпревари вицешампионот на Германија успеа да освои само еден бод, резултат кој раководството го…
-

Манчестер јунајтед купи голман кој има страшна статистика (Фото)
Манчестер јунајтед во самиот финиш од преодниот рок реши да ја зацврсти најосетливата позиција во тимот – голманското место. „Црвените ѓаволи“ го ангажираа белгискиот чувар на мрежата Сене Ламенс, кој пристигнува од Ројал Антверп. Трансферот беше официјализиран доцна синоќа, кога клубот од „Олд Трафорд“ преку своите канали го потврди потписот. „Манчестер јунајтед со гордост објавува…
-

Вардар доби огромно засилување – Давид Бабунски!
Во последните часови од преодниот рок, Вардар успеа да реализира трансфер кој привлече големо внимание – македонскиот репрезентативец Давид Бабунски ќе го облече дресот на „црвено-црните“. Клубот вечерва ја израдува својата навивачка армија со објавата дека искусниот офанзивец од денеска е ново засилување на тимот. Ова ќе биде првпат 31-годишниот Бабунски да заигра во домашниот…
-

Елмас повторно во Наполи: Елиф е горд што повторно е еден од нас
Како што беше најавувано последните денови, Наполи официјално го потврди трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој повторно ќе го облече сино-белиот дрес и ќе се врати на „Сан Паоло“. Елмас веќе има богато искуство со тимот од Неапол, каде што настапуваше во периодот од 2019 до 2024 година и остави значаен белег. По пет…
-

Ливерпул не знае да запре, го договори и Гуехи – познати се деталите
Ливерпул и Кристал Палас постигнаа договор за трансфер на дефанзивецот Марк Гуехи во висина од 35 милиони фунти. Договорот предвидува фиксна сума, а дополнително е вклучена и клаузула со 10% од следната продажба на играчот. Гуехи денеска во Лондон ги извршува медицинските прегледи, а доколку сè помине според планот, трансферот ќе биде официјализиран уште вечерва.…
-

Готово е: Баерн и Челси постигнаа нов договор за Џексон
Баерн Минхен и Челси постигнаа договор околу иднината на напаѓачот Нико Џексон. Двата клуба се согласија за позајмица со вклучена клаузула за откуп, а во договорот е додаден и нов елемент – можноста клаузулата да стане обврска, како што инсистираа „сините“ од Лондон. Според информациите, Џексон веќе постигнал согласност за петгодишен договор со Баерн Минхен,…
-

Хаос се случувал на теренот во Синѓелиќ, фудбалерите на Охрид добивале закани, а им било кажано: Играјте и ќутете!
Фудбалскиот клуб Охрид преку официјално соопштение остро реагираше на условите и случувањата за време на саботниот дуел против Шкендија Арачиново, натпревар што заврши со победа од 2-1 за домашниот тим. Од охридскиот клуб велат дека не бараат алиби за поразот, но јавно укажаа на серија нерегуларности, закани и недолично однесување. „Гостопримството на домаќинот траеше само…