Зајков: Ова е голем бод за Македонија, изгинавме сите на терен!

Maкедонија вечерва освои голем бод против Белгија, а еден од најдобрите на теренот беше дефанзивецот Ѓоко Зајков кој одигра фантастичен натпревар.

По натпреварот задоволен од настапот беше дефанзивецот, Ѓоко Зајков.

„Одигравме храбро и дисциплинирано во одбрана, се разбира дека не можеме против ваков противник секогаш да надигруваме. За мене ова е многу голем бод, игравме на гости со Белгија. Но мораме да ги спуштиме нозете на земја, имаме уште еден важен натпревар за три дена во кој мораме да освоиме три бода, ако сакаме да одиме на светско. Не, бевме само ние тројца во одбрана и Столе, тука беше средината и нападот, сите изгинавме. Кога се игра за Македонија, се остава срце на терен за на крај се да испадне како што треба“, изјави Зајков.

За три дена дома, Македонија ќе го пречека Казахстан.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *