Tag: македонија
-

Капитенот Никола Ѓорѓиев има нов клуб, ќе игра во Чешка!
Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, од денеска и официјално е нов член на чешки Карловарско, актуелниот лидер во Екстралигата, со што ја продолжува богатата интернационална кариера во едно од посилните европски првенства. Карловарско го потврди ангажманот на најдобриот македонски одбојкар, кој по половина сезона помината во романски Рапид Букурешт реши да направи нов…
-

Селекторот на македонската кошаркарска селекција Илиевски поднесе оставка
Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски поднесе денеска оставка на должноста која Управниот одбор на Кошаркарската федерација (КФСМ) експресно ја прифати. „Иако Управниот одбор беше изненаден од ваквата одлука, Федерацијата во целост ја почитува личната и професионалната одлука на Илиевски и уште еднаш упатува искрена благодарност за неговиот ангажман, професионалност и придонес во…
-

Во драматична завршнија Македонија ја совлада Романија
Македонската ракометна репрезентација во драматичен натпревар ја совлада Романија со 24-23 и со триумфот обезбеди статус на носител во жрепката за плејофот за следното Светско првенство. Македонските ракометари во текот на целиот натпревар беа во резултатска предност која на полувремето изнесуваше плус четири голови, а во неколку наврати достигнуваше и највисоки плус пет. Во второто…
-

Седлоски и официјално го соопшти комплетниот свој стручен штаб!
Во стручниот тим како асистенти на Седлоски ќе работат Борче Христов – шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центар за едукација, Ерхан Селими – досегашен селектор на Македонија до 19 години, како и Зоран Бошковски – Чоко, наш легендарен голгетер и стрелец на првиот гол во историјата на македонската репрезентација. Дел…
-

Во „војната“ во мак-фудбалот се вмеша и Новески: Време е за нови лица, лични битки и фрустрации не носат ништо добро!
Како да нема крај на реакциите во македонскиот фудбал, последен кој се огласи сега е Николче Новески. Поранешниот дефанзивец кој сега исто така има улога во федерацијата реагираше по денешното ново обраќање на Игор Ангеловски. Новески порача дека репрезентацијата и фудбалот треба да бидат над сите. “Мислам дека е времe за нови лица и создавање…
-

Maкедонија утре во Кардиф ја чекаат полни трибини!
Македонската фудбалска репрезентација утревечер од 20:45 часот ќе го одигра последниот натпревар од тековната квалификациска сезона за Светското првенство, и тоа на гостински терен против селекцијата на Велс. „Црвено-жолтите“ и понатаму ја бранат серијата без пораз, а амбицијата е така и да остане по утрешниот дуел. Атмосферата во Велс веќе е подгреана – стадионот во…
-

Македонските фудбалерки запишаа минимален триумф против Литванија
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години оствари важна победа од 1-0 против Литванија во претквалификациите за Европското првенство. Мечот беше неизвесен до самиот крај, а триумфот на Македонија дојде по автоголот на Јотвиле Сабаите во 92. минута, што на нашите девојки им донесе вредни три бода. Со овој успех, македонската селекција го започнува квалификацискиот…
-

Милевски: Разочарани сме, но ремито е реален резултат
Селекторот Благоја Милевски е задоволен од изданието на Македонија против Велс, вели дека ремито е најреален резултат и покрај тоа што секунди фалеа за да победиме. Велс доминираше во текот на најголемиот дел од мечот, но Македонија беше поблиску до победа, сепак не ги освоивме трите бода благодарение на примен гол во 96. минута. „Има…
-

Костески: Изгинавме за Македонија, главата горе, одиме понатаму!
Македонската ракометна репрезентација приреди одлична игра против Унгарија, завршувајќи со нерешен резултат 27-27 во првиот натпревар од Светското првенство (СП). Иако македонските ракометари беа блиску до победа во последните минути, освоениот бод е значаен успех и силен поттик за натамошните предизвици. Ненад Костески го истакна огромниот труд и посветеност што тимот го вложи на теренот.…
-

Македонија доби силен ривал во баражот за СП 2025
Денеска беше одржана ждрепката за бараж-дуелите за пласман на Светското првенство во ракомет за жени, што ќе се одржи во 2025 година. Македонската женска ракометна репрезентација го дозна својот противник и ќе се соочи со силната селекција на Полска во обид да обезбеди место на престижниот турнир. Според календарот, првите натпревари од баражот ќе се…