Tag: Калин Ивановски
-
Ивановски забележа голем скок на АТП-листата
Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжува со одличната форма и бележи значителен напредок на АТП ранг-листата, награден за настапите во последните неколку недели. Според најновото рангирање објавено денеска, Ивановски се искачи за дури 60 позиции, најмногу благодарение на успехот во Сан Марино, каде што успешно ги мина квалификациите и обезбеди пласман во првото коло на главниот…
-
Ивановски го победи Италијанецот Форти и ќе игра во главната фаза на Челинџерот во Сан Марино!
Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во главната фаза на турнирот во Сан Марино, откако во три сета го совлада (2-1) Италијанецот Франческо Форти во второто квалификациско коло. Ивановски ја загуби првата етапа во тај-брејк со 7-4, но потоа ја подигна играта на повисоко ниво. Со брејк во деветтиот гем од вториот сет го презеде…
-
Ивановски во полуфиналето во Загреб може да игра со синот на Иванишевиќ!
Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрсот М15 Загреб откако во четвртфиналето го победи домашниот тенисер Хрватот Вито Тонејц со 2-1 во сетови (64 67(5) 62) за три часа игра. Голема борба се водеше за секој поен и беа одиграни вкупно 218 поени (117:101 за Ивановски). Во првиот сет…
-
Ивановски со пресврт до четвртфинале во Загреб!
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, се пласира во четврт-финалето од фјучерс-турнирот во Загреб, откако по голема борба во три сета го совлада Србинот Душан Обрадовиќ (2-6, 6-2, 6-1). Ова е значаен триумф за нашиот тенисер, со оглед што противникот беше речиси двојно подобро рангиран на АТП листата (897-585) и втор во низа во хрватската престолнина.…
-
Калин: Чест ќе ми биде да играм во Скопје!
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски оваа година ќе го има својот втор настап на АТП Челинџер турнирот Macedonian Open. Минатата година поради повредата на колкот Ивановски не беше учесник, а во изминатиов период имаше неколку настапи на турнири за враќање во формата. Секако за одбележување беше настапот на турнирот во Опатија кога преку квалификациите (три…
-
Ивановски ќе игра полуфинале во Опатија!
Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжи серијата победи (вкупно шест со квалификациите) и се избори за полуфинале на ИТФ фјучрсот во Опатија што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Тој денеска во четвртфиналето (по вчерашниот исцрпувачки меч во три часа) го совлада вториот носител Зденек Колар од Чешка со 2-0 во сетови (63…
-
Ивановски со одлична игра се избори за осминафинале во Опатија
Македонскиот тенисер Калин Ивановски забележа сигурна победа и обезбеди пласман во второто коло на ИТФ фјучерс турнирот што се одржува во Опатија. Во првото коло, Ивановски се соочи со данскиот тенисер Кејн Бонсах Генлеј, при што триумфираше со 2-0 во сетови (6-4, 7-5) по 103 минути игра. Македонскиот тенисер доминираше во клучните моменти од мечот,…
-
Порази за македонските тенисери и ИТФ турнирите
Македонските тенисери Калин Ивановски во Пореч и Гораз Србљак во Аламинос ги загубија мечевите од првото коло на ИТФ турнирите што се играат за награден фонд од 15.000 долари. И двајцата на идентичен начин беа поразени од денешните ривали, откако имаа предност од 1-0 во првиот сет, мечот го загубија со 2-1 во сетови. На…
-
Никако да фати ритам: Ивановски загуби на стартот на турнирот во Кливленд
Македонскиот тенисер Калин Ивановски забележа разочарувачки настап на тенискиот турнир во Кливленд, кој започна синоќа. Во првото коло, Ивановски беше убедливо поразен од петтиот носител, Американецот Брендон Холт, со резултат од 0-2 (1-6, 1-6). Ивановски, кој поради подолга пауза моментално се наоѓа на 1.317. позиција на АТП листата, се соочува со предизвикот да ја врати…