Бијатлонец Петар Гиноски со одличен настап во Грузија

by

in

Македонскиот бијатлонец Петар Гиноски учествуваше на зимскиот младински фестивал во Бакуриани, Грузија, каде што се натпреваруваше со 64 други учесници и оствари солиден резултат, завршувајќи на 46. место.

Во текот на трката, Гиноски започна силно, испукувајќи „пет од пет“ во првиот круг. Во вториот круг стрелаше „четири од пет“, а во третиот повторно постигна добар резултат со „четири од пет“. Сепак, во последниот круг, неуспешниот обид го спречи да заврши на повисока позиција.

Следниот настап на Петар Гиноски е во петок, со почеток во 10 часот по грузиско време.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *