Зинедин Зидан не го криеше задоволството по првиот натпревар, истакнувајќи дека неговиот тим одиграл токму онака како што било потребно.
„Имаше многу емоции. Ова е успешен прв натпревар!“, изјави Зидан по мечот.
Легендарниот Французин беше особено задоволен од начинот на кој неговите избраници му пристапиле на натпреварот, посочувајќи ја високата пресинг-игра и реакцијата по освоената топка.
„Го одигравме натпреварот што ни требаше. Не му дозволивме на противникот да игра, излеговме високо и вршевме пресинг… А кога ќе ја освоевме топката, го правевме она што беше потребно“, истакна Зидан.
Иако тимот зад себе имал само три и пол тренинзи, Зидан вели дека забележал голем број позитивни работи.
„Видов многу интересни работи, иако имавме само три и пол тренинзи. Задоволен сум од тоа што го покажаа!“, додаде Зидан.

Leave a Reply