Вирџил ван Дајк остро ги демантираше тврдењата дека токму тој донел одлука Холандија да настапи со петмина дефанзивци против Мароко на Светското првенство.
Капитенот на Холандија беше категоричен дека информациите кои се појавиле во медиумите не се точни и дека одлуката за тактиката не била негова.
„Некои од вас [медиумите] изјавивте дека тоа беше моја одлука да играме со пет дефанзивци против Мароко на Светското првенство. Тоа е БЕСМИСЛИЦА!“, порача Ван Дајк.
Холандскиот стопер дополнително го критикуваше начинот на кој медиумите ги пренесуваат ваквите информации, истакнувајќи дека со неточните тврдења се создава погрешна слика за него.
„Бесмислиците се шират низ целиот свет. Со тоа ме прикажувате полошо отколку што сум, а ова се случува ПРЕЧЕСТО!“, додаде Ван Дајк.
Неговата реакција доаѓа по тврдењата дека тој имал клучна улога во изборот на формацијата за натпреварот против Мароко.

Leave a Reply