ЕХФ: Нант вечерва влегува во една од најгласните сали во ЛШ!

Вардар денеска од 18:45 часот ќе го одигра првиот натпревар во Лигата на шампионите по неколкугодишна пауза, а противник на македонскиот шампион во „Јане Сандански“ ќе биде Нант.

Враќањето на „црвено-црните“ во ракометната елита не помина незабележано ниту од Европската ракометна федерација (ЕХФ), која преку социјалните мрежи испрати порака пред вечерашниот натпревар.

„Вардар се врати и Скопје е подготвено да ја потсети Европа како е во македонскиот пекол. Нант влегува во една од најгласните сали во Лигата на шампионите. Добредојдовте назад во Скопје“, стои во објавата.

За Вардар ова ќе биде прв настап во Лигата на шампионите по пауза од точно 1.630 дена, а враќањето во елитното европско натпреварување ќе биде проследено со очекувано полни трибини и голема поддршка од вардаровите навивачи.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *