Гигс откри што му кажал Гвардиола за Рашфорд: „Ќе го земев веднаш!“

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, откри интересен разговор со Пеп Гвардиола од пред неколку години, во периодот кога шпанскиот стратег сè уште немал можност да го води англискиот гигант.

Гигс раскажа дека Сер Алекс Фергусон го сместил да седи покрај Гвардиола, а во еден момент го прашал кои фудбалери од Манчестер Јунајтед му се допаѓаат.

„Сер Алекс Фергусон ме седна до Пеп Гвардиола. Тоа беше пред околу осум или девет години. Го прашав: ‘Кој играч од Јунајтед ти се допаѓа?’“, раскажува Гигс.

Одговорот на Гвардиола бил јасен и без двоумење – Маркус Рашфорд.

„Тој ми рече: ‘Најдобриот играч во Манчестер Јунајтед е Маркус Рашфорд. Би го земал уште утре’“, откри Гигс во емисијата „Rio Meets“.

Интересно е што Гвардиола уште во раните години од кариерата на Рашфорд го препознал неговиот огромен потенцијал и го издвоил како најдобар фудбалер на Манчестер Јунајтед.