Мекалистер воодушевен од Баркола: „Ќе биде многу, многу важен за нас“

Фудбалерот на Ливерпул, Алексис Мекалистер, има само пофални зборови за новото засилување Бредли Баркола, истакнувајќи ги неговите квалитети и огромниот потенцијал.

„Тој е неверојатен откако дојде во клубот. Многу е тивок како човек“, изјави Мекалистер.

Аргентинецот открива дека комуникацијата со Баркола понекогаш е отежната поради јазичната бариера, но на теренот францускиот репрезентативец не остава простор за сомнеж.

„Не зборува многу англиски, па тешко е да комуницираме со него… Но, на теренот е навистина неверојатен“, додава Мекалистер.

Особено импресионираат неговата брзина и експлозивност.

„Неговата брзина, неговото забрзување… Ќе биде навистина, навистина важен за нас. Се надевам дека ќе постигне многу, многу голови и дека повторно ќе ја освоиме Лигата на шампионите“, порача Мекалистер.