Закариќ и Данев ја урнаа Брегалница, Вардар со победа тргна по одбрана на титулата! (Видео)

Фудбалерите на Вардар успешно тргнаа во одбрана на титулата во Првата лига откако на свој терен денеска рутински ја оправдаа фаворитската улога против Брегалница славјеќи со 2-0.

Вардар настапи во изменет состав и дел од стандардните првотимици останаа на клупата, Фабијани се одлучи да ги чува силите за реваншот против Рига во вторник.

И во таква ситуација црвено-црните доминираа на теренот и лесно ги освоија бодовите. Резултатот беше отворен преку Данев по 27 минути игра. Само некоја минута подоцна и Закариќ ја погоди мрежата, меѓутоа неговиот гол беше поништен поради игра со рака по реакција на ВАР.

Во продолжение Вардар долго време имаше минимална предност, меѓутоа сигурно ја чуваше предноста, а штипјани не успеваа да го загрозат голот на Диковски.

Точка на натпреварот беше ставена на десетина минути пред крајот кога Закариќ сепак се запиша во листата на стрелци.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *