Новиот македонски прволигаш Шкендија Арачиново потврди дека голманот Антонио Столески ќе продолжи да го носи дресот на клубот и во претстојната сезона, откако двете страни постигнаа договор за продолжување на соработката.
Столески беше еден од клучните играчи во историскиот успех на тимот од Арачиново. Во бараж-дуелот против Пелистер блесна со своите интервенции и се претвори во херој на натпреварот. Најпрво одбрани пенал во текот на регуларниот дел, а потоа беше незапирлив и во пенал-рулетот, каде што со неколку одбрани му помогна на својот тим да стигне до посакуваната цел.
Од клубот решија да ја продолжат довербата кон искусниот чувар на мрежата, кој и следната сезона ќе биде важен дел од составот.
Шкендија Арачиново годинава испиша историја со обезбедениот пласман во Првата македонска фудбалска лига, па претстојната сезона ќе претставува нов и голем предизвик за клубот и неговите навивачи.

Leave a Reply