Фудбалерите се собраа за новата мисија! (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија од денеска официјално ги стартува подготовките за претстојните контролни натпревари против Босна и Херцеговина и Турција.

Избраниците на новиот селектор Гоце Седлоски се собраа во хотелот „Хилтон“ во Скопје, каде што ќе ја имаат почетната база пред заминувањето за Сараево.

Нашата селекција нема долго да се задржи во главниот град, бидејќи веќе во петок ја очекува првиот тест против Босна и Херцеговина. По овој натпревар, македонските фудбалери ќе патуваат за Истанбул, каде наредниот понеделник ќе ги одмерат силите со Турција.

Овие два пријателски дуели ќе бидат прв сериозен предизвик за Седлоски на селекторската функција, со јасна цел – формирање конкурентен состав подготвен за настапите во Лигата на нации.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *