Шкендија се раздели со Јетон Беќири!

Вицешампионот на Македонија, Шкендија, денеска официјално потврди дека ја завршува соработката со тренерот Јетон Беќири, кој во изминатите две и пол години беше предводник на тетовскиот состав.

Разделбата доаѓа по една од најуспешните сезони во историјата на клубот на европска сцена. Под водство на Беќири, Шкендија обезбеди пласман во лигашката фаза од Конференциската лига, откако претходно успешно ги мина квалификациските рунди во Лигата на шампионите.

Тетовскиот клуб стигна и до плејоф фазата, каде што беше елииниран од турски Самсунспор. Во текот на сезоната, Шкендија одигра вкупно 16 европски натпревари, што претставува рекорд за македонски клуб во европските купови.

Сепак, и покрај историскиот европски успех, пресудно за разделбата очигледно било тоа што тимот не успеа да освои трофеј на домашната сцена. Шкендија ја заврши сезоната како второпласирана во првенството, додека во финалето на Купот беше поразена од Силекс.

Беќири го презеде тимот во јануари 2024 година, а во сезоната 2024/2025 ја предводеше Шкендија до шампионската титула.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *