Шкендија Арачиново утре ја чека „жешка“ атмосфера во Штип – Брегалница објави важно соопштение!

by

in

Од ФК Брегалница објави важно известување до навивачите пред утрешниот натпревар.

Поради големиот интерес за натпреварот, од клубот информираа дека вратите на стадионот „Градски“ ќе бидат отворени од 15:00 часот.

Воедно, од Брегалница апелираат до сите симпатизери и љубители на фудбалот да пристигнат порано на стадионот, со цел да се избегнат гужви и турканици на влезовите.

Од клубот однапред им се заблагодарија на навивачите за разбирањето и поддршката.

Дербито против Шкендија Арачиново е закажано за во терминот од 16:00 часот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *