Навивач вербално го нападна Пеп: Остави го Артета да ја освои титуалта (Видео)

Манчестер Сити се пласира во финалето на ФА Купот по победата од 2-1 против Саутемптон, но пред самиот натпревар се случи необична и напната сцена која брзо стана тема во јавноста.

По пристигнувањето на тимот и симнувањето од клупскиот автобус, еден навивач на Сити се доближи до менаџерот Пеп Гвардиола и почна гласно да реагира кон него.

Навивачот, видно емотивен, извикуваше пораки во кои го повикуваше Гвардиола „да му ја препушти лигата“ на Арсенал и на нивниот тренер Микел Артета, сметајќи дека Сити веќе има доволно освоени трофеи.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *