Фернандеш одбил огромна понуда од С. Арабија – позната е причината!

Бруно Фернандеш откри дека минатото лето бил многу блиску до заминување од Манчестер Јунајтед, но на крај донел одлука да остане и покрај сериозните и финансиски атрактивни понуди од Саудиска Арабија.

Искусниот играч призна дека добил исклучително висока понуда која можела целосно да му го промени животот, но истакна дека за него спортскиот предизвик и улогата во клубот биле поважни од парите.

Фернандеш посочи дека клучен момент во неговата одлука била поддршката од семејството, особено разговорот со сопругата, која го потсетила на неговите соништа и на тоа што сè уште сака да го постигне во фудбалот.

Токму тоа, како што вели тој, го натерало да сфати дека не сака да го напушти „Олд Трафорд“ во период кога тимот минува низ тешки моменти.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *