Вардар го освои купот, па потврди одлична вест: Клубот добива нов голем спонзор!

Македонскиот спортски бренд, РК Вардар во иднина ќе биде посилен за нов спонзор.

Вардар игра одлична сезона, веќе го освои трофејот во Купот на Македонија и на добар пат е да се радува и во Суперлигата.

Освен тоа клубот го чека и битка во осминафиналето од Лигата на Европа каде за противник го има француски Монпеље.

Пред завршницата на сезоната од Вардар потврдија дека добиваат нов голем партнер и тоа компанијата „Касинос Австрија Интернешенл Македонија“.

Клубот закажа и прес-конференција на која ќе го претстави новиот партнер.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *