Македонскиот спортски бренд, РК Вардар во иднина ќе биде посилен за нов спонзор.
Вардар игра одлична сезона, веќе го освои трофејот во Купот на Македонија и на добар пат е да се радува и во Суперлигата.
Освен тоа клубот го чека и битка во осминафиналето од Лигата на Европа каде за противник го има француски Монпеље.
Пред завршницата на сезоната од Вардар потврдија дека добиваат нов голем партнер и тоа компанијата „Касинос Австрија Интернешенл Македонија“.
Клубот закажа и прес-конференција на која ќе го претстави новиот партнер.

Leave a Reply