Историски подвиг на Ивановски – постави нов националниот рекорд на 10.000 метри!

by

in

Дарио Ивановски повторно ја израдува македонската спортска јавност, поставувајќи нов национален рекорд на 10.000 метри. На Купот на Македонија, кој се одржа на Националната арена „Тодор Проески“, тој оствари извонредно време од 29:07.94 минути и испиша нова страница во домашната атлетика.

Овој резултат е уште една потврда за неговата константност и квалитет на долги патеки. По настапот на Летните олимписки игри во Париз 2024, Ивановски продолжува со силно темпо и очигледен напредок.

Под водство на тренерот Игор Јакимовски, македонскиот атлетичар не само што ги подобрува личните достигнувања, туку и ги поместува границите на национално ниво.