Единствениот денешен натпревар од Првата лига понуди неверојатен пресврт – Башкими го победи Шкупи со 3-2 во Куманово.
Првото полувреме мина без поголеми возбудувања, мрежите мируваа, а играта беше бавна и без иницијатива.
Ситуацијата се промени драстично по почетокот на второто полувреме. Чаирчани, кои сезонава ретко погодуваат, веднаш стигнаа до водство од 2-0. Првиот гол го постигна Зибери во 49-тата минута со удар од далечина, а само две минути подоцна Чајани ја зголеми предноста. Изгледаше дека Шкупи ќе доживее изненадување и првпат сезонава ќе слави победа, но тоа не се случи.
Исклучувањето на Ор кај Башкими во 72. минута не ги запре домаќините – напротив, изгледаше како да чекаа овој момент за да заиграат уште поофанзивно. Со играч помалку, Куманово постигна три погодоци. Личина го отвори серијалот на пресвртот со гол по корнер за 2-1, а веднаш потоа Ферати си постигна автогол за израмнување.
Пресвртот го комплетира Рибеиро со гол во 88. минута. Тој постигна уште еден погодок во судиското продолжение, но истиот беше поништен поради офсајд.
Играта, која прво изгледаше монотонo, се претвори во вистинска драма во вториот дел, со возбудувања до последната минута.

Leave a Reply