Ставре Јада го освои 83. место на крос-кантри трката на 10 километри

by

in

Најискусниот македонски олимписки репрезентативец Ставре Јада денеска го забележа својот втор настап на Зимските олимписки игри во Кортина д’Ампецо, каде што се натпреваруваше на трката на 10 километри во крос-кантри.

Јада патеката ја мина со време од 25:28.09 минути, што беше за 4:52.07 минути послабо од победничкото време на Норвежанецот Јоханес Клаебо. Со овој резултат македонскиот нордик скијач го освои 83. место во конкуренција на 113 натпреварувачи, при што двајца не ја завршија трката.

Претходно, Јада се појави и на спринтерската делница од 1,6 километри, каде што го освои 89. место.

До крајот на Игрите, македонската експедиција ќе има уште претставници на патеките – Виктор Петков и Јана Атанасовска, кои ќе настапат во алпските дисциплини.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *